Над 80 убиени и 80.000 раселени во Мјанмар, ОН бара истрага


Последните насилство во државата Ракајн беше силувањето на тамошна жена која била Будист, од страна на тројца Муслимани. На 3-ти јуни пак, засега неидентификуван извршител уби 10 Муслимани.

 

Автор – Ивана Терзиевска

Итна и независна истрага за насилствата на воените сили врз малцинството од државата Ракајн во Мјанмар,  бара Шефот на Обединетите Нации (ОН) за човекови права, Нави Пилај.

Таа изјави дека според податоците на агенцијата за бегалци УНХЦР, поради насилствата врз населението на Ракајн, над 80.000 лица ги напуштија своите домови  сега живеат во импровизирани кампови и шатори и стравуваат за своите животи.

Последните насилство во државата Ракајн беше силувањето на тамошна жена која била Будист, од страна на тројца Муслимани. На 3-ти јуни пак, засега неидентификуван извршител уби 10 Муслимани.

За еден месец загинаа најмалку 80 лица, а според претпоставките на Пилај, бројката е многу повисока.

Иако властите дозволија следната недела конвои на ОН да влезат во Ракајн, таа се сомнева на целосно независна истрага во врска со убиствата и малтретирањата на Муслиманите.

Тензиите помеѓу Будистите и Муслиманите добија голем замав во последниот месец, и токму поради тоа опозициската лидерка Аунг Сан Суу Сји побара нов закон кој подобро ќе ги штити правата на малцинските групи. Таа додаде дека само така Мјанмар може да стане демократска земја во вистинска смисла.

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1