Со црно капутче, црна сукња и црни чизми- пристојно облечена жена во средни години стои покрај детска количка. Последно на кое ќе помислите гледајќи ја оваа фотографија е дека оваа жена краде додека мајката на детенцето седнато во количката избира парче детска облека, пренесува Сител.
Безбедносната камера на еден скопски трговски центар го уловила моментот кога оваа жена од ранчето закачено на количката успева да украде новчаник полн со пари и документи.
Целиот настан трае само неколку секунди а сведоштвото на мајката објавено на социјалните мрежи е предупредување до сите оние кои во овие денови на попусти безгрижно шопингуваат со своите деца.
Случајот веднаш бил пријавен во полиција па сега оваа снимка од камерите во трговскиот центар ќе биде главен адут за нејзино пронаоѓање.
Видео на следниот ЛИНК