Најбизарните извори на енергија во светот!


Новите технологии малку по малку ги шират можностите, цивилизацијата да се снабдува со некој нов извор на енергија.

Можеби решенијата се по малку чудни, но се многу важни за решавање на комуналните, инфраструктурните, медицинските и еколошките проблеми.

Животински измет

Веќе е познато дека и кучешкиот измет е потенцијален извор на енергија потребна за јавното осветлување.  Клучниот спој во оваа „рециклажа“ е гасот метан.

На интернет има илијадници „направи сам“примери, на примар како оној на фармерот од Небраска кој сам си направи мала рафинерија за да го реши енергетското нпојување во неговта фирма.

Фудбалска топка со индукциска спирала

Млади инженерки од  Универзитетот Харвард конструираа фудбалска топка која содржи индукциска спирала. Топката собира енергија секој пат кога ќе ја удрите. Тие тврдат дека за 15 минути топката ќе собере доволно енергија за LED осветлување.

Лушпи од ориз за народ без струја

Тешко е за верување, но The Times of India пишува дека повеќе од 400 милиони луѓе живет без електрична енергија. Гјанеш Пандеја од Бихар (Индија) со неколку свои сореботници, разви технологија на електрична дистрибуција од лушпите на оризот.

Електрицитетот настанува во процесот на мелење на оризот, а овој тип на житарки на годишно ниво се мелат во огромни количини, дури 1,8 милиони тони.

Од 2007-ма година до денес, во земјата никнаа 80 мали електрани кои произведуваат струја за 32 илјади домаќинства.

Полнење на MP3 плеери со џогирање

Една американска компанија од Орегон нуди уред кој ги претвора температурните разлики во напон. Според челниците на фирмата, овој апарат може трајно да ги замени батериите. Во превод, корисниците своите МР3 плеери и други додатоци кои ги користат за релаксација и разонода, можат да ги наплнат со сопствената енергија. На пример додека џогираат.

Share Button

Tags: , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1