Најголемиот хотелиер од Њујорк е во Македонија со Субрата Рој


Покрај индискиот бизнисмен Субрата Рој во негова придружба при посетата на Македонија е и бизнисменот Сант Чатвал, дознава прес24

chatwalobamaТој е сопственик на ланецот на експлузивни хотели Dream hotels со седиште во Њујорк, компанија која поседува хотели во најмоќните центри на Светот, меѓу кој во Мајами САД,  Лондон Англија, во Индија, Банког, Малезија и на други места.

Dream hotels е еден од најголемите приватни оператори на хотели во Њујорк со капацитет до 3000 соби. Меѓу другото Сант Чатвал како член на фондацијата Вилијам Клинтон, која е на поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон. За сега точната сфера на неговиот интерес останува непозната, но со оглед на инвестициските планови на индискиот бизнисмен Субрата Рој што се цел и на неговиот престој во земјата, сосема е извесно дека и бизнисменот Сант Чатвал е заинтересиран за можностите за инвестирање во сферата на туризмот. Дали тоа ќе се ефектуира во конкретен инвестициски чекор останува да видиме.

Прес24

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1