Во чест на ТОШЕ – настани на неговиот роденден


tose

На денот кога нашиот Тоше требаше да наполни 32 години, ние фановите ќе бидеме присутни на три страни. И пред се ќе го одбележиме датумот на вистинскиот начин, ќе го продолжиме неговото хумано дело.

По тој повод утре во просториите на Домот на АРМ во наша организација на нас фановите од Интернационалниот Тоше Проески Фан Клуб Форум и Црвениот Крст на Град Скопје подржано од Меѓународната Фондација Тодор Проески, ќе се одржи веќе традиционалата акција Јас штотуку спасив живот, а вие?

tose2На денешен ден ќе ја завршиме и нашата добро позната акција Тошев мост на љубовта која се спроведува скоро секој месец во годината во сите балкански земји. Мислам дека одбравме одличен датум за завршување на истата.

Годинава Тошев мост на љубовта Македонија ќе ја посети Јавната установа Детски центар-дом за хендикепирани и деца без родители во село Манастирец (Македонски Брод).

И секако дел од нас фановите утре ќе бидат во родниот град на Тоше да го посетат неговиот вечен дом и да ги проследат промоцијата и останатите активности на Фондацијата Тодор Проески.

(Модаратор Марина Костова)

 

Интернационален Тоше Проески Фан Клуб Форум

 

„Освен забава, во петок ќе бидеме и хумани ! На иницијатива на Столе Стоилов, нашиот ракометен репрезентативец, во Галерија 8 ќе бидат поставени кутии во кои ќе може да се донираат симболични средства за помош на ЧИЧКО ДРАГИ ( чичкото со тезгата во пролазот до Мекдоналдс во центар), кој неодамна заработи казна од државата зошто од својот џеб издвои средства да издржува неколку бездомни кучиња ! ДА БИДЕМЕ ЛУЃЕ !!!“

Повеќе информации на фејсбук фан страната Линк 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1