Најкраткиот брак на светот – цели 5 минути


Еден млад Саудиец кој се оженил побарал развод само пет минути откако го изговорил судбоносното „да“, жалејќи се на превисоката цена која морал да ја плати на таткото на невестата.

Младоженецот, чие име не било наведено, инсистирал бракот да се поништи само 5 минути откако го ставил својот потпис на листот за венчани, јавува весникот “Кабар”.

Момчето било под преголем притисок од таткото на невестата кој барал голема сума пари да му се плати за невестата. Момчето рекло да, се потпишало, но веднаш потоа се освестил и веднаш побарал развод. Таткото се обидел да го вразуми, но тој бил упорен во својата одлука да се разведе.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1