Новите студии покажуваат дека кај младите луѓе кои што користат марихуана е зголемен ризикот да добијат рак на тестисите.
Студијата која била изведена на 455 мажи од Калифорнија, покажала дека сите оние кои што пушеле марихуана, биле два пати повеќе изложени на ризик и кај сите нив било дијагностицирано тестикуларен тумор на герминативните клетки, кои што претставуваат најчеста форма на рак на тестисите кај мажите помлади од 35 години.
„Ракот на тестисите е во пораст“, вели авторот на студијата Викторија Кортесис, доцент на превентивна медицина на Кек школа, во Јужна Калифорнија универзитет за медицина во Лос Анџелес.
„Па ние се прашавме, „Што е тоа што младите луѓе го прават често, со што би се зголемил ризикот за вакво нешто?“, вели Кортесис.
Таа и нејзините колеги ги искористиле интервјуата на 163 мажи кај кои е дијагностициран рак на тестисите и кај 292 здрави мажи, на идентична возраст и се покажало дека сите оние кои што пушеле марихуана имале двојно поголем ризик од тестикуларни тумори. Згора на тоа, нивните тумори се со тенденција да растат побргу и потешко се третираат.
„Повеќето мажи кои добиваат рак на тестисите денес преживуваат и тоа е одлично. Но, како резултат на третманот, тие можат да имаат проблем со плодноста или сексуалната функција. Значи ние најпрвин зборувавме за ризик од развој на рак на прво место, како и последователниот ефект од ракот и нејзиното лекување“, вели Кортесис.
Студијата објавена денеска во списанијата, ги претстави ваквите докази дека марихуаната може да има долготрајни ефекти врз плодноста на мажите и целокупното здравје.
„Сега имаме три студии поврзани со користењето на марихуана за рак на тестисите и ниту една од нив не е контрадикторна“, изјавил Стивен Шварц, епидемиолог на Фред Хачинсон, Центарот за рак во Сиетл и автор на првата студија поврзана со користењето на марихуана за рак на тестисите во 2009 година.
Националниот институт за рак проценува дека повеќе од 8500 луѓе ќе бидат дијагностицирани со рак на тестисите во 2012 година. Околу 360 од нив ќе умрат од истиот.
Но, сеуште е нејасно како марихуаната влијае на ризикот од рак на тестисите. Во студии на животни, марихуаната чадот и канабисот создаваат хемиски тетрахидроканабинол, или таканаречен ТНС, намалување на нивоата на циркулични хормони, како тестостерон.
„Знаеме дека тестостеронот е важен регулатор на тестисите во развојот и нивната функција. Тоа може да покаже дека користењето на марихуаната ја нарушува оваа одредба на начин што ги прави тестисите многу повеќе ранливи на рак.
Кортесис се сомнева дека момчињата кои експриментираат со марихуаната за време на пубертетот, можат да бидат особено подложни на вакво нешто. Во нејзината студија, ризикот од рак на тестисите е поголем кај мажите кои пушат помалку од еднаш неделно, за период помал од 10 години.
„Момците кои се обиделе и се откажале, може да бидат многу млади. Ние планираме да се испитаат можностите дека мажите кои користат марихуана за време на пубертетот можат да бидат особено ранливи“, додава таа.
Но, и други фактори можат да бидат во игра, како и мажите кои користат марихуана се со поголема можност и веројатност да добијат рак. Пиењето и користењето на други лекови исто така може да имаат влијание. Сепак, Кортесис додава дека лекот би можел да биде кокаинот и оние мажи кои го користат се со помали шанси да развијат рак на тестисите.
„Мојот сомнеж е дека ефектот на кокаинот е уништување на микроб клетките“, објаснува Кортесис, дополнувајќи дека испитувања се извршени кај глувците, а резултатите биле намалување на големината и функцијата на тестисите.
„Тоа е повеќе аналогно на мастектомија да се намали ризикот од рак на дојката. А за еден млад човек ова ќе биде висока цена за да ја плати“, смета Шварц.
„Мислам дека во оваа фаза на знаење, мажите заслужуваат да бидат информирани за тоа“, вели Кортесис.