Истражувачите одлучиле да откријат кое животно всушност претставува најголема опасност за човечкиот живот. Иако многумина мислат дека тоа се ајкули, мечки, волци, змии или други ѕверови од нивните кошмари и ирационални стравови, сепак најсмртоносен е оној од кој тоа најмалку се очекува.
Имено, станува збор за – комарец. На годишно ниво, комарците убиваат околу 725.000 луѓе, предизвикувајќи маларија која подоцна доведува до ужасни последици.
Веднаш после комарците на листата на најбрутални убијци е – човекот, кој годишно убива околу 475.000 луѓе.
Можеби најмногу ќе ве зачуди податокот кој го изнеле научниците, а тоа е дека оние животни кои ги сметавме за најголеми ѕверови, всушност се „мирољубиви“ суштества со од прилика „само“ 10 жртви годишно, меѓу кои се ајкулата и волкот.