Многумина се воодушевени од темната кожа на Коудиа Диоп. Сенегалската манекенка добива мноштво позитивни коментари за нејзината единственост, особено на нејзиниот профил на Instagram, каде што редовно споделува фотографии.
Коудиа признава дека не била секогаш полна со самодоверба, бидејќи кога била помлада ја исмејувале токму поради бојата на кожата, но сега веќе кога пораснала ја сфатила нејзината убавина и веќе не обрнува внимание на негативноста.
Ме викаат Црна, ќерка на ноќта и мајка на ѕвездите
Токму поради тоа, служи како пример за сите оние девојки да се чувствуваат удобно во својата кожа. Проблемот со бојата на кожата е огромен во Африка и Азија, каде што милиони жени употребуваат кремови за избелување, со цел подобро да бидат прифатени од општеството и од западните трендови за убавина.