Полицијата во Србија добила налог за апсење на познатата новосадска пеачка Наташа Беквалац. Судијата издаде налог за апсење затоа што иако обвинета не се појавила на ниту едно судење иако уредно била повикувана.
Прекршокот за кој Беквалац е на суд е сообраќаен, таа претекнувала на место каде е забрането. За овој прекршок се предвидува казна и до еден месец затвор, казна што Наташа сега може да ја добие.
Сепак, ова не е првиот проблем на Наташа со законот. Таа со години наназад не ги плаќа казните за паркирање.