Нападната фоторепортерка, повреден скопјанец, јајца и шишиња пред собранието


Уште од рано утрово голем број граѓани излегоа на протест пред зградата на Собранието, едните против Владата и предложениот Буџет, другите против опозицијата и обидот да го спречат неговото донесување.

slikaaa znameОд едната страна се скандира за поддршка на Бранко Црвенковски, додека од другата страна со критика за однесувањето на лидерот на опозицијата.

Силни полициски единици ги раздвојуваат двете групи, кои меѓусебно почнаа да се гаѓаат со јајца и шишиња, но засега нема меѓусебен физички контакт.

Граѓаните кои протестираат против опозицијата се обидоа да запалат знаме на СДСМ, но не им успеа, па го искинаа, пишува Макфакс.

Курир јавува дека над 10.000 луѓе кои ја бранат сопствената држава денес се застанати наспроти едвај 1.000 кои го бранат Бранко Црвенковски. Македонскиот народ не дозволува да биде нечија игра за остварување на политички поени.

g_protest1

Нет прес јавува дека нивна фоторепортерка била нападната. Обидувајќи се да ја долови атмосферата пред законодавниот дом, фоторепортерот на Нетпрес беше вербално нападнат од една од демострантките на опозицијата.

-Жена на околу 50 години и се развикала со кое право слика, а кога фоторепортерот и одговорил дека тоа е негова  задача согласно правото на слободно изразување, истата грубо го фатил за шалот. За да избегне поголеми проблеми,  фоторепортерот ја собрал опремата  и заминал велејќи дека сепак тој е тука за да ги прикаже двете страни и нивната приказна., пишува Нетпрес.

Либертас пак пишува дека бил нападнат скопјанец симпатизер на СДСМ од страна на навивачи.

8b156220-af50-49d3-9240-8002053f8c73Инцидентот утрово пред парламентот го направиле припадници на навивачка група кои ги нападнале граѓаните што дошле на повикот на опозицискиот лидер Црвенковски да протестираат за самоволието на власта. Полицијата спречила да не дојде до поголем инцидент, пишува Либертас.

Демонстрантите кои се поделени, а помеѓу нив има полициски кордон си довикуваат и се навредуваат меѓу себе. Фрлаат и со камења и други предмети кон другата страна, а преку полицискиот кордон. Ситуацијата е вжештена.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1