Европската централна банка ја претстави новата банкнота од 10 евра на која е претставен портрет на феничанската принцеза и богиња Европа, а која ќе влезе во оптек на 23 септември.
Банкнотата ќе биде „отпорна“ на фалсификување, наведуваат од банката.
Банкнотите од серијата Европа ќе бидат постепено воведени во тек на неколку години, а постоечките евра лансирани во јануари 2002 година, исто така постепено ќе бидат повлечени од циркулација.