Направиле џамија во ќелија во Идризово – затвореници вахабисти шират радикален ислам


Затвореници во затворот „Идризово” во последниве неколку години успеале да формираат радикална вахабистичка ќелија што го пропагира џихадот и работи на регрутирање нови членови,  пишува МКД.мк од свои извори во затворот,

MUSlimani molitvaСпоред нив, тие успеале една од затворските ќелии шестото крило да го преуредат во импровизирана џамија во која закачиле три знамиња испишани со пароли на арапски јазик, а пароли на истиот јазик пишувале и по ѕидовите на ќелијата. Главниот идеолог и организатор на оваа вахабистичка ќелија бил затвореник од Косово, а негови соработници биле тројца затвореници од Македонија и еден од Сирија.

МКД.МК за ваквите информации се обрати до Управата за санкции и до Министерството за внатрешни работи.

Од МВР изјавија дека имале одредени сознанија дека во КПД „Идризово“ постоеле затвореници што применувале верски обреди кои не се во согласност со традиционалниот ислам, но дека досега од нивна страна немало никакви нарушувања на безбедноста во затворот.

„Станува збор за група затвореници што верските обреди ги држат на поинаков начин од оној што го налага традиционалниот ислам. Но тоа си е нивно право. Засега од нивна страна не се забележани никакви активности што би укажале на некакво загрозување на редот и безбедноста во затворот“, изјави Иво Котевски, заменик-министер задолжен за односи со јавноста.

Како што тврдат изворите на порталот, групата вахабисти во затворот живеела и функционирала по строги вахабистички правила.

МКД.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1