Меѓународен тим на научници, благодарение на неверојатните технолошки новитети, со помош на специфичен метод, со кој се умножувваат ДНК нишките, успеа да извлече геном од девојка од Сибир, која живеела пред 50.000 години и му припаѓала на неодамна откриениот вид на т.н. “Денисовански човек.”
Овој антички геном е толку комплетен, па научниците тврдат дека со него, може да се создаде еднакво јасна слика за геномот на жив човек. Според нив, девојката имала кафеава коса, кожа и очи.
Со оваа прецизност е овозможено научниците да го споредат геномот на девојката, која живеела во Денисовата пештерата во Сибир, пред повеќе од 50.000 години, со геномите на живите луѓе, од каде што настанал ” речиси комплетен каталог ” на мал број генетски промени, кои праваат ние да се разликуваме од “денисованскиот човек“.
Жителите на Папуа, Нова Гвинеја се најслични на девојката
Од денешните народи, повеќето од генетските карактеристики на денисованскиот човек, поседуваат жители на неколку острови во Југоисточна Азија, но и луѓе од Папуа Нова Гвинеја, што укажува дека тие најверојатно, се “сретнале“ со предокот т.н денисовански човек, во Азија.
Ироничен е фактот дека има комплетен геном од денисованскиот човек, од кого научниците поседувале само еден мал прст (кој е искористен за да се извлече геном) и два заба, но не постои геном и од неговиот братучед, неандреталецот, од кој има голем број на фосилни остатоци.
Поради тоа, следната задача на научниците ќе им биде да пронајдат начин за да го истражат генот на неандреталецот.