Сите го имаме ова дупче, иако биолозите веќе подолго време ги мачеше прашањето зошто и како настанува. Овде станува збор за малечкото вдлабнување под носот кое се протега сѐ до работ на горната усна.
Стручно кажано, станува збор за филтрум. Но, што е тоа и зошто го имаме?
Според достапните податоци, објасувањето е поврзано со начинот на кој се обликува лицето во текот на развојот, пренесува IFL Science.
Филтрумот ја означува локацијата на која различните делови од лицето се спојуваат во едно.
„На тоа место се наоѓа точката за спојување на човечкото лице по формирањето“ – објаснува д-р Мишел Мослеј.
„Трите главни делови на спојувалката се сретнуваат на горната усна, формирајќи вдлабнатост којашто се нарекува филтрум“.
Развојот на лицето се случува помеѓу вториот и третиот месец од бременоста, а доколку лицето не се обликува во тој период, поради генетски или други причини, тогаш никогаш нема да дојде до тоа.