Не биле доста парите се бара уште – Изборите ќе не чинат над 8 милиони евра


Претседателските и парламентарните избори во Македонија ќе чинат над осум милиони евра. Државната изборна комисија веќе побарала дополнителни 158 милиони денари за спроведување на парламентарните избори.

izboriПотпретседателот на ДИК, Субхи Јакупи информира дека од Министерството за финансии се побарани дополнителни средства за спроведување на парламентарните избори.

– Направивме финансиска пресметка која е доставена до Министерството за финансии со која баравме уште 158 милиони денари или заедно со претходните средства кои ги имаме во буџетот, ќе имаме над осум милиони евра. Очекуваме и овие средства да ни бидат доделени, рече Јакупи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1