Не издржало срцето на Васил Шишков- на 44 години почина од срцев удар


Васил Шишков најверојатно починал од срцев удар, пишува Press24 повикувајќи се на неофицијални извори.

vasil2

Срцето на легендарниот македонски актер не издржало. Според информации кои ги добивме од негови пријатели тој починал денеска околу 18 часот.  Актерската заедница во земјава е во шок. Сите со голема тага и неверување ја примија веста дека Шишков веќе не е меѓу живите.

Шишков (44) беше син на познатиот македонски актер и легенда Ристо Шишков.

Тој глумеше ролји во серијалот Македонски народни приказни, и во филмовите „Џипси меџик“, „Бог да ги убие шпионите“, „Македонија може“ „Бумбари“ и други.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1