Не купувајте очила по тезгите


И покрај предупредувањата од докторите граѓаните и понатаму очилата ги купуваат по кинеските продавници или пак на тезгите.

Диоптриските очила денеска можат да се набават и во разни кинески продавници, на пазарите, па дури и на уличните тезги. За мала сума на пари, можат да се набават како да се парче облека или пак патики. Офталмолозите предупредуваат дека и покрај тоа што ваквата „мода“ не е од вчера, на луѓето се уште не им е јасно дека ваквите очила се далеку под стандардите и квалитетот, за разлика од индивидуално направените очила по рецепт од страна на докторите.

„Како член на ова општество можам да ја разберам врската меѓу здравјето и лошата финансиска состоба во која се наоѓаат голем број на луѓе, но како лекар одлучно сум против каква било набавка на очила, која што не е одобрена од лекар“, вели шефот на кабинетот на рефракција на око и контактни леќи на Катедрата за очни болести, доктор Лилјана Ковач.

„Без преглед на офталмолог, не може да се утврди дали лицето има еднакви диоптрии во двете очи, дали има астигматизам. Непрофесионалниот избор на очила, кои се направени од лош материјал и со неизбалансиран диоптер, би можела да биде тивок убиец на добриот вид.
Доктор Ковач вели дека квалитетот на корективна пластика, или пак стакло, е исклучително важно за добра корекција на очните мани. Сиромашните корективни очила или пластичните прават повеќе штета отколку што му служат на корисникот.

„Носењето на погрешни очила, со несовршен диоптер за далечина или пак блискост, доведува до проблеми особено по долго читање или пак седење на компјутер. Доаѓа до замаглување на видот, главоболки, треперење на очите, а понекогаш и двојни слики. Лошото центрирање на пластиката или стаклото придонесува за оптеретување на очите, а нетолеранцијата на тоа доведува до замаглување на видот, болки во очите, мачини, вртоглавица па дури и повраќање.
Еднакво опасно е да се купат на улица и наочари за сонце.
„Повеќето граѓани од сонцето се заштитуваат со евтини очила за сонце, кои воглавно не даваат никаква заштита. Со носењето очила за сонце, без УВ заштита, се изложувате на поголем ризик на оштетување на видот, дури и повеќе ако и воопшто не носите очила. Во 90 % од случаевите, очилата за сонце се со непроверен квалитет. Не треба да се штеди на квалитет, но исто така очилата треба да бидат достапни и во специјализираните овластени оптички продавници“, вели доктор Ковач.
Ова се убедливи причини за секој оној кој што се грижи за своето здравје и зошто истиот не смее да купува очила на пазарите и тезгите.

Кај нас доаѓаат луѓе кои се жалат на вртоглавици и болки во главите и признаваат дека носат очила со непроверен квалитет. Докторот мора да ја утврди диоптријата на секој човек, а оптичарот е одговорен да направи стакло по рецепт на докоторот. Кога станува збор за продажба по пазарите, никој не е одговорен за квалитетот и здравјето на луѓето е под закана.
Вистина е дека се што е квалитетно мора да има и цена, но не се делат очилата само на оние од 200 денари и оние маркираните од 100 евра.

Секогаш може да се најдат попусти на очила од реномирани производители и за солидни цени. Се бара да имаат „СЕ“ марка и мора да биде јасно напишано од каде се произведени. Важно е да биде и напишана категоријата на филтрите и степенот на затемнувањето.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1