Спортови во кои жените биле подбри од мажите


И покрај тоа што обично спортот е игра во која во поголем дел партиципираат мажите, сепак има некои игри во кои што понежниот пол и тоа како знае да биде доста поубедлив кога се работи за крајнните резултати.

факултети.мк.  пренесува седум спортови во кои што жените и тоа како се покажале дека се подобро подготвени да победат.


1. Автомбилизам

Многумина ќе речат дека жените се полоши возачи од мажите. Но, кога станува збор за тркање со автомобили, во 2008 година, Даница Патрик, стана првата жена која што освоила трофеј во Japan Indy 300.

2. Тенис

Во натпреварот „The battle of sexes“, во 1973 година, Били Џин Кинг, оствари славна победа над Боби Ригс. Многумина сметаа дека ваквата победа се должи на разликата во години ако се земе во предвид дека тогаш Били имаше 26 години, а Ригс дури 55.

Тогашниот репортер на Њујорк Тајмс, Нил Амдур изјави дека Били ги убедила сите скептици, дека жената атлетичар би можела да го преживее притисокот и дека мажите исто се нервираат како и жените. Оваа победа беше поздравена како удар за сексизмот.

3. Ултрамаратон

Првата жена која што го освоила „Badwater Ultramarathon“ (135 ммилји) е Памела Рид. Истата го освои и во 2002 и 2003 година. Таа е првата жена која што истрча и 300 милји без минутка одмор.

4. Јавање.

Спорт во кој што жените имаат земено златен медал дури во три категории (дресажа, скокање препреки и eventing) и засега се наоѓаат пред мажите.

Ако се земе во предвид дека ова се натпревари во кои што жените земаат се помало учество, тогаш победата е уште послатка. Во Пекинг, Анку ван Грунсвен од Холандија има земено злато во дресажа. Годинава жените се закитија и со сребро и бронза во индивидуалните учества. Исто така Џули Кроун го победи Белмонт Стејкс во 1993 година.

5. Куглање

Кели Кулик годинава стана првата жена која што победила во национален натпревар на Професионалната кугларска асоцијациска тура. Тука ја освои првата награда на Натпреварот на Шампионите. Беше подобра дури од 62 топ куглари. Импресиониран бил дури и Били Џин Кинг, кој ја нарече нејзината победа „мотивациско и инспиративно случување“, за сите жени и девојки кои се натпреваруваат на сите нивоа низ целиот свет.

6. Борење

Во 2006 година, Михаела Хатчисон, стана првата девојка која што освоила државна титула, против момче во борење, во средно училиште. Дури на момчето не му било незгодно да признае дека противничката била подобра и дека го очекувал поразот. „Таа е навистина добра. Очекував дека ќе загубам“, изјавил дечкото.

7. Качување по карпи

Лин Хил стана правата личност која што го искачи „Nose Route“ на планината „El Captain“, во Јосемит, во 1993 година. Хил била изнервирана поради тоа што женските натпревари по качување биле полесни од машките, со што добивале и помала награда.

Share Button

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1