Не ми даваат виза, морам да ја оставам љубовта – приказна на босанец ја дигна Америка


Босанецот Дино Дедиќ ја споделил својата емотивна приказна со илјадници луѓе ширум светот преку популарната страница на Фејсбук „Human of New York“ (Луѓето на Њујорк).

Во своето трогателно писмо навел дека ја запознал девојката Гохе од Етиопија за време на неговото студирање и заедно поминале 4 години. Се надевале дека по дипломирањето ќе пронајдат работа, ќе се вработат и заедно ќе останат во САД. Но, Гохе пронашла работа, а Дино не успеал во тоа.

Prikazna Humans of New Yorkk

– Испратив околу 150 или 200 апликации за работа. Имав 35 разговори, а на четвртиот или петиот разговор стигнав до третиот круг во потесен избор на кандидати. Но мислам дека мојата ситуација со визата секојпат ми ги уништуваше шансите да пронајдам работа. Не можам да ја поканам Гохе во Босна. Таму за нас нема никакви шанси – напишал Дино во својата емотивна исповест.

Тој навел дека со оглед на тоа што се враќа во БиХ, се раздвоиле со девојката за полесно да ја поднесат разделбата

– Кога би можел, само би и рекол дека ја сакам – напишало ова момче од Босна.

Во коментарите е оставен и неговиот имеил од кој се дознава дека станува збор за Дино Дедиќ и дека студирал економија, и илјадници луѓе ширум светот му дале поддршка. Приказната на Фејсбук беше објавена пред неколку дена и наведено е дека момчето ќе биде таму уште неколку дена, па многумина му дале совети а други дури му понудиле работа за да може да остане во САД и да биде заедно со неговата љубов.

Меѓутоа неговата приказна на интернет била објавена со задоцнување и Дино  веќе се вратил во Босна. Останува да се види дали благодарение на неговата приказна објавена на интернет ќе успее да го исполни својот сон.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1