Поради непрописно паркирање на тротоар, матиз на Министерството за транспорт и врски било одземено во септември лани, но и по толку време никој од министерството не се јавил да го подигне возилото. Во меѓувреме, сметката за чување на возилото од ден во ден во ЈП “Паркинзи Центар” растела, па претпријатието во јуни годинава му испорачало фактура во висина од околу 6.000 евра. Министерството побара ЈП “Паркинзи” да им го прости долгот со ветување дека оваа ситуација нема да им се повтори
Министерството за животна средина треба да му плати 6.000 евра на ЈП “Паркинзи Центар” за одземено службено возило кое го заборавиле во пајак-службата речиси една година. Сметката ќе била многу помала, односно 2.500 денари доколку од оваа институција веднаш плателе за возилото кое било одземено поради непрописно паркирано.
Бидејќи станува збор за државна институција која плаќа со пари од буџетот, претпријатието решило наместо тоа да донесе одлука, советниците на Општина Центар да одлучат дали ќе му биде простен долгот. Ова барање се најде на разгледување пред советниците на последната седница на Советот при што е донесена одлука министерството сепак да си го плати долгот.
Вечер.мк