Димитар Спасов најпрво почнал да вика, ги навредувал и тепал цимерите. Стражарите се обиделе да интервенираат, но, Спасов ги нападанал и нив, информираат од истражниот затвор.
Затворската Управа по инцидентот веднаш одлучила Спасов да биде пренесен на Одделот за психијатрија.
Момчето пред околу десетина дена до смрт со нож ја избоде својата 57-годишна мајка Нада.
Беше забележан од вработените од комуналното претпријатие во моментот кога се обидувал телото на својата мајк облеано во крв да го фрли во контејнер.