Во текот на вчерашниот ден пожари беснееле и во Катланово, Разловци, Желино и Матејче.
Според информациите од Диркецијата за заштита и спасување во текот на вчерашниот ден неколку пожари дивееле низ Македонија, но сите се изгаснати. Дирекцијата учествувала со два авиони АИР Трактор со 22 летови во гасење на пожарот во Општина Желино – Тетово. Во гасење на горенаведените пожари учествуваа и Територијалните противпожарни единици (ТППЕ), вработените од шумските претпријатија и месното население.
Во текот на вчерашниот ден пожари беснееле и во Катланово, Разловци, Желино и Матејче.
На 13.07.2012 година околу 16,00 часот во Скопје, во с. Катланово кај м.в. „Сеча“ од засега непознати причини настал пожар, при што била зафатена сува трева, нискостеблеста шума, а поради непристапност на теренот и итензитетот со кој се шири пожарот, зафатена е и висока шума во површина околу 10 хектари. На лице место има екипа на БППЗ-Скопје и УПС кои ја следат состојбата. Увид на лице место ќе се врши на 14.07.2012 година, како и утврдување на материјалната штета.
На 13.07.2012 година во Делчево, кај м.в „Мулаки колиби“ атар на с.Разловци настанал пожар, при што биле зафатени околу 50 декари сува трева и борова шума. Поради ветерот пожарот сеуште не е локализиран. На лице место има екипа на ППЕ-Делчево, вработени од ЈШП„Голак“- Делчево и УПС, кои ја следат состојбата. Увид на лице место ќе се врши на 14.07.2012 година, како и утрвдување на материјалната штета.
На 13.07.2012 година околу 13,00 часот во Тетово, кај м.в „Фојник“ во с.Желино, зад фирмата за текстил„Жетекс“ настанал пожар, при што била зафатена 25 декари нискостеблеста дабова шума и сува трева. За пожарот известени биле ЦУК, ТТПЕ-Тетово и ШС-Тетово,а при гасење на пожарот учествувале противпожарни авиони на РМ. Пожарот е изгаснат околу 19,00 часот. Увид на лице место ќе се врши на 14.07.2012 година.
На 13.07.2012 година околу 20,50 часот во Куманово, кај м.в „Ѓуровец“ атар на с.Матејче, настанал пожар, при што е зафатена 3000 м2 нискостеблеста шума и сува трева. На лице место има екипа од ЈП„Македонски шуми“-Куманово, а поради непристапноста на теренот, пожарот не е локализиран. Увид на лице место ќе се врши на 14.07.2012 година, како и утврдување на
материјалната штета.