Нема одговор дали смртта на докторката е резултат на убиство или на самоубиство?


Како незнајна смрт, два дена по пронаоѓањето на телото обвинителството го води случајот на докторката од клиниката за нефрологија. Обвинителите се уште немаат одговор дали некој ја убил со ножот од нејзината кујна или таа сама посегнала по сопствениот живот.

Од институтот за судска медицина за Сител уште утрово потврдија дека обдукцијата е завршена, а тимот вештаци кои работат на случајот земале дополнителен материјал за потребните анализи. Резултатите од судска медицина велат ќе ги добие надлежниот обвинител.

Основното јавно обвинителство – Скопје го очекува пристигнувањето на извештајот од наредената обдукција на починатата. Во меѓувреме, интензивно се преземаат други истражни дејствија со цел утврдување на фактите и целосно расветлување на настанот кој до овој момент се води како незнајна смрт, одговорија од Обвинителството на прашањата на Сител.

Во текот на вчерашниот ден во обвинителството биле спорведени разговори со повеќе лица, меѓу кои и со најблиските на починатата, но ниту тие не помогнале за расветлување на случајот.

53 годишната докторка ноќта во вторникот облеана во крв со рани по рацете и нож забоден во вратот беше пронајдена во домот на улицата Елисе Поповски – Марко. Засега останува нејасно дали таа ноќ била сама, како што мислело нејзиното семејство или во станот имало и некој друг.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1