Нема оштета ако ве ограбат, а сте оставиле премногу податоци на Фејсбук


Корисниците на Фејсбук наскоро се повеќе ќе губат надокнада за штета од осигурителните компании, поради тоа што поставуваат премногу лични информации на оваа друштвена социјална мрежа.

Секој кој е ограбен, по рекламирањето на плановите за одмор на социјалната мрежа, или измамен, откако оставил трагови од банковни пресметки или пак некои шифри на „Фејсбук“, би можел да се остане комплетно „осамен“, од страна на банките или пак осигуритените компании.
Експертите велат дека ова е неизбежно, поради тоа што веќе подолг период ги предупредуваат корисниците на социјалните мрежи, дека поради нивна невнимателност, хакерите се повеќе и полесно можат да направат измама и да им го украдат идентитетот.
Самото поставување на слики од своите автомобили или детали од телефонската мрежа која ја користат, е сосема доволно за измамниците, да го хакираат компјутерот и да ги украдат банковните детаљи за само неколку минути.

Ваквите онлајн превари, ги чинат банките и оигурителните компании билиони долари секоја година и се очекува веќе од следната, детално да се проверат кои од оштетените лица оставиле информации на социјалните мрежи.
„Зборовите и сликите кои што ги поставувате на интернет може да ги видат илјадници луѓе. Со споделувањето преголем број на информации на друштвените мрежи може да настане вистинска катастрофа“, вели Александра Квартуци“, шеф на сајтот за заштита „Cоnfused.com“ и додава дека чувањето на дебитни и кредитни картици, е одговорност на сопственикот и дека објавувањето на ваквите информации на фејсбук, во периодот додека не сте дома, го прават вашиот дом целосно небезбеден.

Многу светски банки го воведуваат правилото, дека доколку сте постирале ризична информација на интернет, тогаш, вас ве сметаат способен за сам да си ги покриете трошковите на она што на вам ви е украдено.
Оливер Крофтон, директорот на компанијата за безбедност на интернет, “Vigilant Bispok“, вели дека ваквите кражби ќе бидат далеку помногубројни од следната година.

„Луѓето оставаат забранети информации на различни сајтови и се што ќе закачат всушност го споделуваат со целиот свет. Тоа всушност ги чини банките премногу, па затоа е јасно зошто се воведуваат вака строги правила. Доколку бидете ограбени откако на пример на „Фејсбук“, ќе напишете дека ќе одите на одмор во Грција, осигурителните компании максимално ќе ви ја отежнат исплатата на надокнадата“, вели Крофтон.
Ништо подобро нема да поминат ни оние коринсици на „Твитер“, кои што оставаат бројни информации за својот живот, а потоа се жалат кога сигурноста им е загрозена.

„Познатите личности, кои на друштвените мрежи го промовираат својот живот, патувања и нови купени производи нема да уживаат повеќе во неверојатните исплати на осигурителни компании“, додава Крофтон.

Tags: , , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1