Две лица побарале помош од полицијата откако не можеле да се вратат по прошетката до врвот Меденица на планината Бистра. Тие по телефон за помош се обратиле во полициското одделение Ростуше.
Според првичните информации се работи за лица од Скопје на возраст од 35 и 29 години.
Во телефонскиот разговор со полициските службеници тие кажале дека се истоштени и дека немаат храна и не се опремени.
Од СВР Тетово информираат дека се прават напори лицата да бидат лоцирани и безбедно згрижени.