Меријем Узерли која се прослави со улогата на Хурем во турската серија „Сулејман Величестевниот“ беше дел од гостите на Канскиот филмски фестивал
Турската ѕвезда е активна на нејзиниот Инстаграм профил, а многумина од нејзините фанови забележале дека Меријем „претерала“ со пластичните зафати .
Имено, актерката уживала на приватна забава на која гостите ги забавувал Енрике Иглесијас, а видео снимка споделила на социјалните мрежи. Токму тогаш многумина забелеале дека Меријем изгледа поинаку. Актерката ги зголемила усните, но и јагодиците кои некогаш не беа толку нагласени. Меријем се уште не се огласила по овој повод.