Невеста од пеколот: Ги убивала мажите и ги заѕидала телата во подрум


Во Виена почна судењето на ,, невестата од пеколот. Екс сопственичка на продавница за сладолед, Шпанката Естебализ Каранса, е обвинета за убиство на својот маж и љубовник и ги заѕидала во подрумот.

Го признала убиство, но се вадела дека има трауми од детството поради таткото кој ја малтретирал. Дури раскажала и како се планирала да го убие своето момче да инсценира дефект на кочниците, дефект на системот за греење на гас во неговата куќа.

Мажот го убила зошто ја навредувал бидејќи лошо говорела германски. Потоа се заљубила во продавач на апарати за правење сладолед, па се развела но мажот продолжил да ја малтретира. па решила да го убие.

Го убила со пиштол, трупот го исечкала, го смрзнала во замрзнувач, а потоа го заѕидала во ѕидот на продавницата.

Потоа се надевала на брак со новиот дечко но тој немал намера да се жени па одлучила и од него да се отараси. Го убила на истиот начин.

Пресудата се очекува кон крајот на неделава.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1