Невино погубени – По смртта докажано дека се невини


Смртта е една од најголемите човечки стравови која доминира во сите култури, кои човекот ги направил во последните неколку илјада години. Замислете да се најдете во ситуација, да морате да умрете, затоа што вас судот ве осудил за злочин кој вие не сте го извршиле.

egzekucija - pogubuvanjeСпоред статистиката, во периодот од 1976 до 2012 година, во Америка се погубени 1226 луѓе, додека 130 се ослободени од „редот за егзекуција“, после повеќегодишна робија. Период во кој цело време истите тие биле пропатени со траума во исчекувањето на смртта.

Точниот борј на невидени погубеници, никогаш нема да биде утврден, ниту е можно да се утврди, поради тоа што судовите немаат обичај да ги обновуваат процесите за веќе погубените осуденици.
Но, за некои, сепак е докажана невиност, или барем постои сериозната сомничавост за вината. Такви има 39 случаи, а се верува дека постојат уште толку.

Само во Тексас, сојузната држава позната по смртната казна, се верува дека за 20 години, се убиени 25 луѓе, што во просек е повеќе од еден во една година.

Симболот за борба против смртната казна е Трој Дејвис, кој 20 години чекал на извршување на смртната казна поради убиство на полицајци во 1989 година.

Преку 650 илјади луѓе потпишале петиција за негово помилување, а го поддржале и поранешниот американски претседател Картер, Папата Бенедикт XVI, и „Амнести Интернашнл“. Седум од девет сведоци против него го повлекле својот исказ, но ниту тоа не помогнало. Не помогнало ниту тоа што се појавиле сведоци кои тврдее дека втората личност го признала убиството.

Карлос де Луна е уште еден пример. Тој е осуден поради брутално убиство на работник на локална пумпа во 1983 година, а е погубен 1989 година. Професор од Универзитетот Колумбија, Либман Џ. Е со група студенти ја потврдил и докажал неговата невиност. Осуден е затоа што го помешале со негов пријател, вистинскиот убиец, со кој речиси биле идентични.

Последниот случај кој ќе го наведеме е Мајк Ентони Грин, кој во затворот во Хјустон минал 27 години, откако во 1983 година бил осуден на 75 годишна возраст, за силување кое не го извршил, затоа што тогаш не постоела ДНК анализа.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1