Невреме на Балканот: Торнадо во Хрватска, жртви во Бугарија и Романија


Невремето повторно беснее во Хрватска. Во Оребиќ се формира торнадо кое од вода, преминува на копно, крши гранки и носи се пред себе. Среќа во целата ситуација е што торнадото беснеело во ненаселено место. Во Задар паднаа над 110 литри дожд.Циклонот Мелиса го зафати и Загреб, таму паѓа јак дожд пратен со силно грмење. Пожарникари велат дека имаат раце работа и дека ги викаат од сите страни на градот пишува Вечернји.хр.

hrvatska13Хрватските метеоролози викендов предвидуваат влошување на времето. Невреме и се заканува и на Србија, каде што се очекуваат обилни дождови и грмежи.

Тројца загинаа, а повеќе од стотина ги напуштија своите домови поради поплавите што зафатија неколку села во Бугарија и во Романија. Поројните дождови предизвикаа поплави во реонот на бугарскиот град Габрово.  Без струја се 17 села, а има проблеми и со водоснабдувањето. Поплавите предизвикаа лизгање на земјиштето, а уништени се и неколку мостови и патишта.

Во поплавите на повеќе локации во Романија, пак, загинаа двајца. Во југозападна Романија, од три села се евакуирани 500 лица, додека 75 куќи се урнати. Во загрозените подрачја се упатени хеликоптери, кои им укажуваат помош на жителите заедно со припадниците на армијата. Според првичните податоци, поплавени се околу 1.100 домови и други објекти и голем број мостови на вкупно 63 локации.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1