Потрагата за Станимирка Милетиќ, 65-годишната жена од Србија која исчезна откако се упати на гробот на својата сестра, и натаму продолжува.
Полицијата со сите сили трага по жената, а нејзиното семејство и најблиски не ја губат надежта.
– Станимирка не ја најдоа, но не се откажуваме, нема да изгубиме надеж. За жал, никој не ја видел од денот кога и се губи секаква трага, вели нејзиниот зет.
Службите кои трагат по жената во саботата ги пронајдоа нејзините влечки и ќеса која ја носела со себе. Како што велат соселаните, жената тргнала на гробот на сестра си која починала пред седум дена.