НИКАКО сушење алишта во стан – еве што ќе се случи


Со доаѓањето на ладните есенски денови и дождот многумина се приморани свежо испраните алишта да ги сушат во затворени простории. Меѓутоа, таквото решение, предупредуваат експертите, може да ви предизвика проблеми со здравјето.susenje-odece-na-radijatoru-u-sobi-1417682558-52028

Во многу домови поради сушење на облека концентрацијата на влага е и до 30 отсто. Така високо ниво е идеално за развој на грини што доведува до намалување на квалитетот на воздухот. Луѓето кои престојуваат во такви простории можат да развијат чувствителност на разни алергиски заболувања.

Според истражувањето спроведено во 100 домови 2011 година, утврдено е дека 87 отсто од домаќинствата на зима ја сушат облеката во затворени простоирии , додека две третини облеката ја ставаат во близина на радијатори.

Луѓето се обидуваат да ги направат домовите енергетски поефикасни, но забораваат на вентилацијата, вели професор Колин Портеоус.

Професор Ричардс, пак, вели дека вишокот на влага создава услови за појава на мувла, која може да биде видлива за неколку месеци, пренесе Дневно.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1