Никогаш не е доцна: Се повеќе „сениори“ уживаат во секс


Најновите истражувања на шведските научници покажуваат дека се поголем број лица постари од 70 години уживаат во сексуалниот живот, со што посебно задоволни се жените.

Порталот „Мој доктор“ ренесува дека досега многу е направено на планот за решавање на сексуалните проблеми на постара возраст, малку знаат за нормално сексуално однесување во оваа доба.

Резултатите од најновата студија покажуваат дека бројот на лицата постари од седумдесет години кои уживаат во сексот се повеќе расте во последните 30 години.

Нилс Бекман и други истражувачи од Универзитетот Готенбург во Шведска го проучувале размислувањто за сексот на повозрасните лица на репрезентативен примерок на шведски 70 годишници, кои биле интервјуирани од 1971 до 1976 и од 1992 до 2000 година. За време на ова истражување, вкупно биле анкетирани околу 1500 луѓе.

Истражувањето покажало дека бројот на женети мажи кои имаат сексуални односи се зголемил од 52 на 98 одсто, додека бројот на жени кои имаат активен сексуален живот пораснал од 38 на 56 отсто во 21 век.

Сличен пораст се случил и кај неженетите и тоа од 30 на 54 отсто меѓу мажите и од 0,8 на 12 отсто меѓу жените. Исто така се зголемил и бројот на жени кои рекле дека секогаш или скоро секогаш доживуваат оргазам, додека пак намален е бројот на жени кои никогаш не доживуваат оргазам.

Бројот на жени кои се изјасниле дека воопшто не се задоволни од сексуалниот живот се намалил, додека пак бројот на незадоволни мажи се зголемил, што веројатно се рефлектира поради зголемениот број на мажи кои не можат да се помират со „неуспехот“.

– Нашето истражување покажува дека поголем број на постари лица сметаат дека половата активност и пропратните чувства се природен и неодвоив дел од животот и во подоцнежни години, заклучиле авторите на истражувањето, додавајќи дека може да се забележи дека се подобрил квалитетот и квантитетот на половите односи кај лицата постари од 70 години во изминатите триесет години.

 

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1