Најмалку 1.058 луѓе се сериозни околу намерата да ги спакуваат куферите и да се преселат од планетава 586 се мажи, а 472 жени, од нив најбројни се групите што се пријавиле од Соединетите Американски Држави, потоа Канада, Индија и Русија.
Повеќето од нив се образувани. Факултетски дипломи имаат 347, магистри се 159, а дури 29 се доктори по науки. Мнозинството се на возраст под 36 години.
Иницијативата за мисијата ја води холандската компанија „Марс уан“ на претприемачот Бас Лансдроп. Тој тврди дека на „црвената планета“ може да однесе и смести постојан екипаж од шест луѓе до 2023 година и ќе продолжи да испраќа колонизатори во годините потоа.
Колонијата, ќе ги задоволува сите потреби за човечки живот, од куќи, стакленици за производство на храна и кислород и возила.
Лансдроп за првата мисијата има собрано околу шест милијарди долари, а планира воспоставувањето на колонијата и животот на марсовците да се емитува како реално шоу што би требало да привлече реклами од чии пари е замислено да се одржува растот на колонијата. Тој остро одбива какво било партнерство во потфатот со државните вселенски агенции.