Од денес без научна потврда нема реклама и продажба на здрава храна


1 јануари 2014 година, сите производители и увозници на храна ќе мора да располагаат со научна студија за своите производи доколку ги рекламираат како здрави или хранливи.

ruski-narodni-lek1-300x257Оваа обврска ја наметнува Правилникот за нутритивни и здравствени тврдења во комерцијални цели при означување донесен во мај годинава согласно европската легислатива.

Според Агенцијата за храна и ветеринарство, за околу 80 отсто од производите рекламирани по медиумите не се точни тврдењата дека имаат поголема нутритивна вредност, повеќе калциум, железо, магнезиум, растителни влакна, помалку шеќер или калории.

– Потрошувачите се постојано изложени на ваков тип манипулации. Со цел нивно спречување, од утре, сите компании, производители и увозници на храна, доколку сакаат да нагласат посебни карактеристики на својот производ, „збогатен со витамини, минерали,…, диететски, со растителни влакна“, ќе мора научно да го докажат таквото тврдење и да добијат одобрение за него од надлежна комисија, велат од Агенцијата.

На амбалажата не смее да има лажни, двосмислени тврдења кои сугерираат дека производот има „нешто повеќе“, витамини, минерали, влакна,…, само за да ги привлече купувачите и подобро да се продаде.

lekovi– Ако во некој производ вообичаено има витамин Ц, тој не смее да се истакнува како подобар во однос на другите кои исто така го содржат и со тоа да се атакува врз потрошувачот. Од друга страна, има производи кои се дефинираат како храна со посебни нутритивни својства зашто во нив навистина се додадени одредени, дополнителни материи, но тоа мора научно да се потврди, посочуваат од Агенцијата.

Во пакувањата обврзно ќе има и соодветни упатства што ќе оневозможат какви било погрешни насочувања на потрошувачите, дека производот располага со некакви својства (лековити, диетални) ако тоа не е точно.

Агенцијата за храна од утре најавува и засилено мониторирање на производите. Секоја отстапка на компаниите од обврската ќе се третира според Законот за безбедност на храна кој предвидува забрана за пуштање во промет, повлекување од пазарот, едукација и глоби од 5.000 евра за операторот плус 2.000 евра за одговорното лице.

Бизнис секторот го поздравува ваквиот чекор, смета дека ќе обезбеди фер и лојална конкуренција.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1