Реалното шоу „Операција Триумф“ на тогаш анонимниот неготинчанец Александар Белов му го промени животот. Од непознато момче стана познат пејач низ просторите на цела бивша Југославија.
Се врати и си стекна популарност и овде, на нашата поп сцена.
Но, не е се во популарноста. Има и други придобивки. Тој таму се дружеше со колеги од сите други соседни земји, и со Црногорката Нина, која има и дел македонско потекло.
Во име на убавото пријателство тие двајцата, и двајцата настапувачи на Охрид фест 2012, деновиве во Охрид се дружеа цело слободно време.
-Многу си ја сакам, на срце ми е, ни откри младиот пејач, кој моменто е во потрага по менаџер кој во иднина сериозно ќе се грижи за неговата кариера!