НОЌНИ КОШМАРИ КОИ СЕ ОСТВАРИЛЕ: Тие ја предосетиле смртта: Лејди Ди зборувала за сообраќајка, страв од МН370….


Речиси секој од нас сведочел на некое претчувство, дали за некоја добра или лоша работа…но сепак клучното прашање, е дали ние во тие претчувства веруваме или сметаме дека се само едно празно суеверие.

И покрај тоа што поголем дел од претчувствата можеби и не се исполнуваат, сепак, овие приказни за момент ќе не подзамислат:nesrekja

1.НОЌНИ КОШМАРИ КОИ СЕ ОСТВАРИЛЕ

Американката Кети Левинтон имала страшни кошмари неколку денови пред да замине на планираниот пат со својот сопруг. Тие имале во план да патуваат во Кина и Малезија. Како што датумот за тргнување се наближувал, Кети станувала се понервозна, па купила 4 амајлии за да и ги собира негативните мисли. Нејзините ќерки и рекле дека е смешна и не обрнувале внимание на нејзиното предвидување.

Кога дошол денот за патување, Кети со себе ја зела едната амајлија па се качиле на малезискиот лет МН370.

По веста за исчезнатиот авион, нивните ќерки никогаш не го добиле одговорот каде им исчезнале нивните родители…а секоја од нив зела по една од останатите амајлии во спомен на нивната мајка.

2.ЗНАЕЛ ДЕКА НЕГОВИОТ ТАТКО ЌЕ ПОЧИНЕ

Во почетокот на 2009 година, израелската офанзива на појасот Газа била во полн ек, а бомбите и леталата биле на сите страни. 6-годишното момче Рахман Бадави на 7 јануари сонувал експлозија во која починал неговиот татко. Малото момче се разбудило во солзи, а по еден час им заѕвонел телефонот, а човекот од другата страна им соопштил дека неговиот татко починал во експлозија.

3.РЕКОЛ ДЕКА НЕГОВОТО ИМЕ ЌЕ ГО ЗНАЕ ЦЕЛИОТ СВЕТ

Мајк Браун бил убиен на 8 август 2014 во трагичен инцидент кој го вознемири целиот свет. 18-годишното момче било убиено по немирите во Фергусон. Верзијата на полицијата е дека тој ги игнорирал нивните повици, додека сведоците тврделе дека Мајк стоел во место со рацете во воздух.

Судот ги ослободил полицајците од обвиненијата, но случајот доби големо медиумско внимание. Мајката на Браун за медиумите тврдела дека пред смртта нејзиниот син имал претчувство дека ќе почине.  Таа тврдела дека Мајк со неа многу често зборувал за смртта, како и за Бог и дека веднаш по дипломирањето рекол дека целиот свет ќе го знае неговото име.

4.МУ РЕКОЛ НА ТАТКО МУ ДЕКА НЕМА ДА СЕ ВИДАТ ПОВТОРНО

Грег Бакли бил американски војник во Авганистан задолжен за обучување на авганистански војници кои имале 21 година. По една расправија со еден од војниците, чувствувал голема вознемиреност која ја пријавил на надредените. Рекол дека чувствува оти локалните жители можат да се свртат против нив. Во телефонскиот разговор со својот татко, кој подоцна бил пренесен на телевизија, Грег рекол дека доколку не дојде дома до октомври годината, никогаш нема да се врати. По неколку дена Грег бил убиен од авганистанско момче кое го подучувал.

5.ПРИКАЗНАТА ЗА ПРИНЦЕЗАТА ДАЈАНА

По смртта на принцезата Дајана, јавноста барала да ја дознае вистината.

Шест години по нејзината смрт нејзиниот батлер открил дека Дајана зборувала оти ќе биде убиена. Таа сметала дека постојат луѓе кои сакаат да ја убијат. Исто така таа сметала дека ќе ја убијат во автомобилска несреќа, што и се остварило.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1