Според порталот плус инфо името на новиот газда на Канал 5 е Вања Гавриловски
Сопственикот на Канал 5 Емил Стоименов денеска изјави дека телевизијата е продадена и дека во текот на денот ќе го соопштат јавно името на новиот сопственик. Според порталот плус инфо името на новиот газда на Канал 5 е Вања Гавриловски, директорот на печатницата „11 Октомври“ кој во јавноста важи за близок човек на Емил Стојменов, пишува Плусинфо.
Сепак официјалните документи за промена на сопственичката структура се уште не стасале До Советот за Радио Дифузија, иако денеска е последниот рок за нов Газда на Канал 5.