По експлозиите на аеродромот „Завентем“, претпладнево се случи уште една експлозија во метро станицата Малбек во белгискиот главен град, во близина на институциите на ЕУ, јави белгиската телевизија РТБФ.
Претходно се случија две експлозии на аеродромот во Брисел, во кои има најмалку 10 загинати и 30 повредени, јави бриселската телевизија, повикувајќи се на болнички извори.
Западни медиуми јавија дека пред експлозиите на аеродромот се слушнале истрели од огнено оружје и повици на арапски јазик.