Нов удар за хуманоста: Бекамови донираа облека за црвен крст – а се продава на e-Bay


Дејвид и Викторија Бекам подариле повеќе од 20 кутии со облека, чанти, чевли во обид да им помогнат на жртвите од тајфунот Наијан, но дел од донациите веќе завшиле во помалку совесни раце.

Victoria-Beckham-Shoes-2836449Само неколку часа откако продавницата на Црвениот крст почна со распродажба на донациите на Бекамови, некои предмети веќе се појавиле на e-Bay. Меѓу нив е смокинг кој му припаѓал на Дејвид, како и евли кои некогаш ги носела Викторија. Распродажбата започнала вчера, а се собрале многу фанови кои се обидле да дојдат до некои пд предметите кои биле во сопственост на популарниот пар.

И покрај помалку чесните намери на некои од купувачите, настанал и позитивен хаос во кој купувачите се бореле за да добија парче од дизајнерската облека. Но, оние кои сакале да дојдат до гардеробата на Викторија биле разочарани затоа што поголем дел од предметите се од некои минати времира, дури и од времето на Spice Girls.

Викторија напиша на социјалните мрежи дека викендот го поминала во сортирање на облеката, но ги повикала и другите да го направат истот, да донираат облека и да им помогнат на преживеаните жртви од тајфунот. – Тајфунот Хаијан ги уништи Филипините, уби илјадници луѓе и остави стотици илјади без кров над главата. Британскиот Црвен Крст спроведува голема хуманитарна акција за да им помогне на тие луѓе. Дејвид и јас го поддржуваме Црвениот Крст и ги повикуваме сите во Британија да учествуваат во кампањата, напишала Викторија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1