Револуционерна идеја во една британска погребна фирма, директорот – очигледно мошне креативен ум, поставил бар-кодови на секој споменик за подостапни информации за покојникот.
„Брз одговор“ популарно наречените бар-кодови се скенираат со мобилен телефон, со други зборови (на еден клик до биографијата на починатиот). На веб-страница се прикачени фотографии и видео снимки како и пораки од пријателите и роднините, сето тоа може да се менува и дополнува преку шифра позната само на најблиските на починатиот. На овој начин сметаат од погребната фирма, се отвора можност да се дознае нешто повеќе за покојникот, а не како до сега – име и презиме, датум на раѓање и смрт.
– Помислив дека би можело да се искористи сета оваа модерна технологија за да се овозможат повеќе информации за луѓето што не се повеќе меѓу нас, да ги оживееме сеќавањата за нив, изјави носителот на идејата Пирс.
Бар-кодовите чинат најмногу до 300 фунти, во зависност од тоа како се поставени и од каков материјал се изработени