Нова жртва на грипот – почина жена од Неготино


Осумдесет и едногодишна жена од Неготино е последната жртва на грипот за оваа сезона, информираат од Клиниката за инфективни болести.

infektivnaПациентката девет дена била хоспитализирана на Инфективната клиника со тешка билатерална бронхопневмонија и со претходни хронични заболувања, како што се акутна бубрежна инсуфициенција и срцева слабост. И покрај спроведената антивирусна терапија и повеќедневните напори на лекарите, пациентката изутрината починала.

На клиниката за инфективни болести во моментот се хоспитализирани 98 пациенти со симптоми и клиничка слика на грип, од кои шест лица се лекуваат на одделението за интензивна нега.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1