Неодамна Фејсбук на своите мобилни апликации овозможи автоматско пуштање на видео клипови во news feed. Иако оваа функција на некои корисници добро ќе им дојде, може да се случи на многумина да им направат големи сметки за телефон, затоа што е утврдено дека троши голема количина податоци за пренос.
Од компанијата тврдат дека се труделе овие видео снимки да користат што помалку податоци за пренос, што сепак не е случај, но за среќа оваа опција може да се исклучи на следниот начин:
Доколку користите iPhone, одете во Settings, пронајдете го Facebook и отворете ја таа опција. Потоа одете во Settings, па Auto-play и изберете ја опцијата Off или Wi-Fi only .
Доколку пак користите Андроид отвортете ја Фејсбук апликацијата одете на подесување и кликнете App Settings и потоа одберете ја опцијата Wi-Fi only или Off.
На овој начин ќе бидете сигурни дека на крајот на месецот нема да ви стигне непријатно изненадување.