Новата песна на Тоше „Седум стари икони“ ќе се промовира на 5 октомври


Нова песна на прерано загинатиот Тоше Проески „Евта пуране иконе“ или „Седум стари икони“, испеана е на ромски јазик и премиерно ќе биде промовирана на 5 октомври на традиционалната манифестација што ја организираат фановите на Тоше на скопскиот плоштад „Биди и ти дел од ѕвезденото небо“.tose proseski

Автор на песната е познатиот режисер Емир Кустурица, а јавноста за прв пат ќе може да го слушне гласот на Тоше со песна испеана на ромски јазик.

-Годините поминуваат но, традицијата, верноста и посветеноста на фановите останува. И оваа година ве покануваме да бидете дел од настанот кој се одржува по седми пат во чест на последниот концерт на Тоше. Вашето присуство на овогодинешниот настан би ни причинило посебно задоволство.
Ќе се запрашате зошто?
Време е за нешто НОВО!
Нови мелодии, нови ноти, нова љубовна приказна преточена во НОВА ПЕСНА која ќе биде уште еден доказ за неговата љубов и посветеност кон музиката!, се вели во поканата на Фејсбук страната на фан клубот на Тоше Проески.

Годинава ќе биде осма по ред како се одржува овој настан во чест на последниот концерт на Тоше.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1