НОВИ ДЕТАЛИ: Избори во март, СО ТЕХНИЧКА ВЛАДА КОЈА ЌЕ ЈА ВОДИ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ


Иако лидерската средба се уште трае, доаѓаат првите неофицијални информации од партиските штабови. Како што дознаваме, изборите најверојатно ќе бидат кон крајот на март или почетокот на април.

Исто така, техничката или Пржинската влада ќе трае сто дена колку што предвидува Изборниот закон и со истите услови што важеа и за СДСМ во 2016 година.

Извори од лидерската средба кај Пендаровски брифираат дека добиени се 100 дена техничка влада, премиерот Зоран Заев си оди од премиерско место, а во игра за датум за избори се споменува крајот на март или април, е последната информација која ја добивме од лидерската средба која се одржува во Вила Водно.

Предлог е Оливер Спасовски да биде технички премиер по предлого на Заев на лидерската. За датумот на изборите различни мислења, но доминира периодот прво полугодие 2020 г.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1