Нови измамени студенти останаа без ветената работа во Германија


Во писмото кое стигналo до редакцијата на Факултети.мк што го испратиле студентите стои дека им била ветена добро платена работа како чистачи во болница во Минхен, но како минувало времето сфатиле дека всушност се измамени и дека се дел од планот на организаторот за негова лесна заработувачка.

Во продолжение ви го пренесуваме писмото во целост.

“Аплициравме за работа во Германија, поточно за чистачи во болница во Минехен,уште пред Нова Година,по на време ,за сигурно да биде. Посредувачот, И.А од Свети Николе, ни вети сигурна работа и добра заработувачка од 8,5 евра од час во периодот од 5 јули до 5 септември. И како одминуваше времето почнавме да се сомневаме во неговите ветувања. Тој дури не излажа и дека договорите пристигнале, дека треба да се пакуваме за да одиме, меѓутоа по случката со депортираните студенти се се смени.

Ни рече малку да почекаме да не тргнуваме. Тогаш почнавме да звониме во Германија во фирмата каде што требаше да работиме од каде добивме одговор дека апликации на наше име воопшто немаат стасано во нивното претставништво. Всушност сето тоа било план за лесна заработка на горе именуваниот “посредник“. Само во Свети Николе има излажано околу 200 студенти, за од другите градови немам информација меѓу тоа претпоставувам дека во најмала рака се уште толку.

За посредувањето напаќа од 1500 до 2000 денари сепак малку е поевтин од неговата “колешка“ . Меѓу тоа иако е поевтин , сепак и тој нечесно заработи околу 640000 денари преку нас студентите кој и покрај трошоците кој ги имаме одвоивме од нашиот скромен буџет,кој ни го овозможуваат нашите родители кои знаеме сите како ги заработуваат парите  денес,во ова време на транзиција.”

извор – fakulteti.mk

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1