Нови казни: Ако не се јавите во суд кога ќе ве викнат вие ќе ги платите сите трошоци


Сите коишто ќе бидат повикани на покана на Основниот суд Скопје 1 Скопје, а нема да се јават во судот, ќе ги платат трошоците за нивното доведување, за одложување на главата расправа или други трошоци во постапките кои ќе произлезат поради нивното неоправдано отсуство, соопштија во четвртокот од Судот.

g_osnoven-sud11

„Без разлика дали станува збор за обвинет, оштетен, приватен тужител, бранител, законски застапник, полномошник, сведок, вешто лице, преведувач, толкувач или стручно лице, кој нема да се јави на покана на судот, судиите при Кривичниот суд ќе го применат членот 104 од новиот Закон за кривична постапка и со посебно решение ќе ги задолжат да ги платат трошоците за нивното доведување, за одложување на главата расправа или други трошоци во постапката кои ќе произлезат заради нивното неоправдано отсуство. Овие решенија ќе бидат изготвени без разлика на исходот на кривичната постапка, односно дали ќе биде со ослободителна, одбивателана или осудителна одлука, бидејќи се реални трошоци на постапката по вина на некој од наведените учесници“, се вели во соопштението од Судот.

Овие решенија судиите ќе ги изготвуваат веднаш по завршување на главата расправа или главниот претрес во кој ќе се јави ваква ситуација, и веднаш ќе направат експедиција на решението до надлежните служби за наплата.

На ваквото решение предвидено е право на жалба до Кривичниот совет на судот.

„Оваа информација е наменета, пред сé, за подигнување на свеста кај граѓаните без разлика на нивната улога во одреден судски процес, да имаат поголема почит не само кон судот, туку и кон останатите странки во постапката. Воедно, со овие решенија сметаме дека би се отстраниле пречките кои најчесто доведуваат до одложување на постапките и нивно одолговлекување“ додаваат од Судот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1