Новинарот Армандо Монтано 22 годишен, кој работел преку летната сезона за Асошиејтед прес е пронајден мртов во Мексико. Телото на новинарот било пронајдено во отворот од лифтот во зградата во која живеел, во квартот Кондеса во Мексико.
Армандо живеел претходно во Colorado Springs, а роден е во Massachusetts. Пристигнал во Мексико сити по дипломирањето на Grinnell College.
Армандо работел на неколку стории за АП меѓу кои и за убиството на тројцата федерални полициајци на аеродромот во Мексико. Тој бил дописник и за „Њујорк тајмс“.
,, загубата на млад колега полн со елан е шок за целата редакција, Армандо имаше многу пријатели во АП,, изјави Kathleen Carroll, главен уредник на AP.