Новинар почина само неколку часа откако му правел интервју на Сноуден


Ветеранот на американското новинарство и долгогодишен новинар на „Њујорк тајмс“, Дејвид Кар (58) починал во четвртокот во редакција откако му се слошило.intervju snouden

Новинарот започнал да работи во редакцијата на весникот во 2002 година, а пишувал текстови за состојбата на медиумите и нивната еволуција воопшто.

Ја напишал книгата „Ноќ на пиштолите“, којашто е објавена во 2008 година. Ова дело се негови мемоари во коишто го опишува закрепнувањето од зависноста од дрога.

Неколку часа пред ненадејната смрт, Кар заедно со колегите Глен Гринвалд и Лора Поитрас по сателитски пат го интервјуирале Едвард Сноуден, човекот што откри документи за следењето на ЦИА.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1