Внимавајте, денес е петок 13 – се за баксузниот ден


Петок 13-ти годинава доаѓа во комбинација со полна Месечина, па според астролозите велат дека ваквата појава е навистина „баксузна”.

Фобијата од овој ден има и научен израз параскаведекатриафобија, а особено е интересно дека 15 проценти од научниците признаваат дека се плашат од тој ден. petok-13

Во Европа, Северна и Јужна Америка, Австралија, петок 13 од многу суеверни луѓе во светот, се смета за несреќен ден. Стравувајќи од зла среќа, на тој ден се избегнуваат патувања, склучувања договори и други поважни работи.

Има повеќе верувања за потеклото на суеверието за петок 13, почнувајќи од тоа дека Ева во рајот го измамила Адам со јаболкото токму во петок, дека на тој ден се случила библиската поплава, дека Бог на петок 13-ти ги измешал јазиците на Вавилонската кула, а и Исус Христос бил распнат в петок.

Сепак, како најубедливо верување за потеклото на митот за петок 13, историчарите го посочуваат настанот што се случил на 13 октомври, петок, 1307 година, кога францускиот крал Филип Четврти наредил да се уапсат и погубат водачот на темпларскиот ред Жак де Молеј и шеесетина негови најблиски приврзаници.

Хајката по темпларите бргу се проширила низ цела Европа. Стотици припадници на христијанскиот воен ред Темплари, настанат за време на првиот крстоносен поход во 1096 година, биле уапсени, мачени и убиени за да се принудат да го „признаат“ својот наводен ерес.

Папата Клемент Петти во 1314 година го забранил Темпларскиот ред, по што тој продолжил да постои тајно.

Од тој петок 13, 1307 година, следбениците на темпларите го сметат тој ден како несреќен и како ден на ѓаволот.

Суеверните луѓе му придаваат големо значење на „баксузниот” петок 13-ти, па така се придржуваат до некои ритуали на овој ден и веруваат во некои факти. Ова се дел од нив:

– Никогаш не ја менувајте постелнината на тој ден бидејќи ќе имате ноќни кошмари;

– Не ги сечете ноктите бидејќи носи тага;

– Осумдесет отсто од облакодерите во светот немаат 13-ти кат;

– Аеродромите немаат 13-ти излез;

– Хотелите и болниците немаат соба со број 13.

Уште неколку факти говорат за „застрашувачкиот” петок 13:

– Многу авиони го пропуштаат својот лет на 13-ти, посебно во петок,
во Формула 1 не постои болид со бројот 13,

– Имињата на некои од најпознатите сериски убијци содржаат по 13 букви: Jack the Ripper,John Wayne Gays, Charles Manson, Jeffres DahmerЈеффрес, Theodor Ted Bunds.

– Поранешниот претседател на САД, Френклин Рузвелт одбивал да патува на тој ден и никогаш не канел 13 гости на вечера.

– Според некои толкувања на мајанскиот календар, крајот на светот ќе биде на 13.13.13.13.13.13.13.0.0.0.0. или според Грегоријанскиот календар на петок 13-ти октомври 4772 година.

Научникот и математичар од универзитетот Делвер, Томас Фернслер во својот натпис во Национална географија пишува дека бројот 13 го смета за несреќен само поради тоа што доаѓа по 12.

Бројот дванаесет има традиционално значење. На пример, дванаесетте месеци од годината, дванаесет богови од Олимп, дванаесет знаци на зодијакот и дванаесетте апостоли на Исус. Тринаесет е само еден број по дванаесет и е само симболичен чекор кон лошото.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1